ВЛАДИМИР ПУТИН ОСТАНУВА ‘ЗАРОБЕН’ ВО КРЕМЉ – Моќниот ‘Руски цар’ нема да патува на Самитот на БРИКС бидејќи веднаш може да биде уапсен !?

Претседателот на Русија, Владимир Путин, нема да присуствува на самитот на БРИКС во Јоханесбург.

Според заеднички договор, претседателот Владимир Путин нема да присуствува на самитот. Руската Федерација ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров“, официјално соопштија од кабинетот на претседателот на Јужноафриканската Република.

Самитот ќе се одржи од 22. до 24. август. На настанот, покрај првиот човек на земјата домаќин, Кирил Рамафоса, ќе присуствуваат и претседателите на Кина, Бразил и Индија.

БРИКС

Јужна Африка е под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, чиј совет за претходна постапка на 17. март издаде налог за апсење на Владимир Путин и руската детска правобранителка Марија Лвова-Белова. Судот ги товари за наводна депортација на деца од Украина во Русија за време на војната.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса претходно изјави дека апсењето на актуелниот претседател на Руската Федерација за време на посетата на Јужна Африка може да се протолкува како објава на војна против Русија.

Би било против нашиот Устав да ризикуваме војна со Русија. Кабинетот утврди дека самитот на БРИКС ќе се одржи на таков начин што Јужна Африка ги почитува своите меѓународни и правни обврски“, изјави Сирил Рамафоса, додавајќи дека нема правна основа за апсење и екстрадиција на Владимир Путин.

Опозицијата, сепак, побара Сирил Рамафоса да го уапси Владимир Путин доколку дојде на самитот.

Демократската алијанса поднесе тужба со која бара Владата да го уапси рускиот претседател доколку тој присуствува на самитот на БРИКС во Јужна Африка. Судот во Јужна Африка ќе ја разгледа тужбата во петок.