ВЛАДИМИР ПУТИН ОТКРИВА ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОРОТ СО АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ – “Ја споделуваме неговата загриженост за ситуацијата околу Србија“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека имал краток преоден разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Тој е загрижен за ситуацијата во неговиот регион и околу Србија. Ја споделуваме неговата загриженост“, изјавил Владимир Путин.
И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека разговарал со Владимир Путин, но дека немал билатерална односно официјална средба.
Александар Вучиќ вели дека забележал дека ВладимирПутин „пука од доверба“, додавајќи дека имал важна и долга средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и унгарскиот премиер Виктор Орбан.