ВЛАДИМИР ПУТИН СВИКА ИТЕН СОСТАНОК – Во Кремљ мора да дојдат сите важни луѓе во Русија

Настаните на аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучително и информативно влијание, порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што истакна, во текот на денот претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе одржи седница на која ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток, со цел да се подели општеството.

По настаните во Махачкала, рускиот претседател денес околу 19 часот по московско време ќе одржи голема средба на која ќе разговара за обидите на Западот да го подели руското општество. На состанокот ќе присуствуваат директорите на сите безбедносни служби, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев“, најави Димитриј Песков.

Дмитриј Песков истакна дека во позадината на телевизиските снимки се прикажани ужасите на она што се случува во Појасот Газа – смртта на луѓе, деца, стари луѓе, доктори, и како што вели „негативците многу лесно ја злоупотребуваат ситуацијата, провоцираат и возбудуваат луѓе“.

Маса луѓе синоќа упадна на пистата на аеродромот во Махачкала во Дагестан откако на тој аеродром слета авионот на израелската авиокомпанија Red Wings од Тел Авив. Беше објавено дека тие што се пробиле веројатно ги барале пристигнатите израелски државјани и започнале нереди. Полицијата пристигнала на местото на настанот.