Полицијата со детали за комбето со имигранти што се преврте во Велес, уапсени се две лица

Двајца 18-годишници од Штип се уапсени додека превезувале 23 имигранти од Сирија, меѓу кои 10 малолетни. Мигрантите биле откриени во Велес откако камион „форд“ излетал од патот и паднал во канал.

„Вчера околу 20:05 часот на автопатот А1, возачот на возилото А.И. од село Караорман и Вјетер не застанал на знак на полициски службеници, по што влегол во Велес и го напуштил патот на ул. „8 штатори“ и паднал во канал. Со ова е повреден малолетник кој е препратен во велешката болница. При апсењето А.И физички нападнал полициски службеник“, се вели во соопштението на МВР.

По наредба на обвинител увид извршила екипа од СПБ Велес и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.