ВЛАДИМИР ПУТИН ЈАСНО МУ ПОРАЧА НА СВЕТОТ: “Доларот се користи како инструмент за политичка борба!“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во глобалниот финансиски сектор доларот се користи како инструмент за политичка борба.

Соодветната изјава рускиот лидер ја даде за време на средбата со шефицата на Банката за БРИКС, Дилма Русеф.

Путин истакна дека е важно да се развие оваа финансиска институција БРИКС.

– Во денешни услови тоа не е лесно да се направи, со оглед на она што се случува во глобалните финансии и користењето на доларот како инструмент на политичка борба – рече рускиот лидер.