Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев по повод Денот на македонската револуционерна борба

 По повод одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Владата на Република Северна Македонија положи цвеќе и оддаде почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.

Во делегацијата беа националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и  Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот. 

-Република Северна Македонија денеска го чествува 23 Октомври како симбол на стремежите за сувереност и државност, но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност, наведува Владата.