Вознемирувачи сцени по натпреварот меѓу Партизан и Жалгирис: Хулигани со секири и палки ги нападнаа ,,Гробарите” – настана општа тепачка (видео)

Насилниот инцидент се случи во Нов Белград по натпреварот помеѓу Партизан и Жалгирис.

Група вооружени хулигани ги чекаа навивачите на Партизан кои се враќаа од натпреварот.

Хулиганите, за кои постои сомневање дека се приврзаници на Црвена Ѕвезда, со шипки и палку ги нападнале црно-белите навивачи. Настана општ хаос и стампедо, луѓето се бореа за живот.

На едно видео кое се појави на социјалните мрежи може да се види дека еден од напаѓачите носел секира!

Групата хулигани кои го предизвикаа овој инцидент побегнале од местото, а според првите неофицијални информации во страотниот напад се повредени неколку лица.