Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје

Владина делегација денеска положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје по повод 151-годишнината од неговото раѓање. 

Делегацијата е предводена од заменик министерот за финансии Филип Николоски, а во нејзин состав беа и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Едмонд Адеми, советник на премиерот за надворешни работи.