ВЛЕЗЕ ВО УЧИЛИШТЕТО И ЈА ИЗРЕШЕТА СОПРУГАТА СО 22 КУРШУМИ, А ВОЗАЧОТ СО ШЕСТ Страшна трагедија го потресе малото место

Предраг Гњидиќ од Шид е обвинет за убиство на сопругата Бранислава Гњидиќ и нејзиниот возач Мирослав Бојиќ во училиштето во Ердевик.

Пред четири години на денешен ден во основното училиште „Сава Шумановиќ“ во Ердевик се случи невидено двојно убиство. Предраг Гњидиќ од Шид ја убил сопругата Бранислава Гњидиќ, тогаш директорката на училиштето и нејзиниот возач Мирослав Бојиќ. На Гњидиќ се уште му се суди, бидејќи повторното судење почна во ноември минатата година.

Во мај 2020 година злосторството се случило од љубомора. Тоа утро, Предраг дошол во училиштето каде што била директорка неговата сопруга Бранислава, додека Мирослав и бил возач – а се шпекулираше дека биле во врска неколку години – и двајцата ги убил со рафал од автоматска пушка. Кон нив испукал вкупно 28 куршуми, од кои шест го погодиле Бојиќ, додека тој испукал рафал од 22 куршуми во неговата сопруга.

Според обвинението, Гњидиќ дошол во училиштето бидејќи знаел дека таму ќе ги најде Бранислава и Мирослав. Најпрво се симнал во собата на чуварот, каде го затекнал Бојиќ како седи со чуварот Бранко Матијевиќ и пукал. Не го повредил чуварот, туку со шест куршуми од автоматска пушка го убил Мирослав.

Потоа се качил на училишниот кат, каде Бранислава седела на бирото во канцеларијата, а потоа испукал дури 22 куршуми во неа.

По крвавото злосторство, Предраг се упатил кон автомобилот во кој се возел. На излезот од училишниот двор, пак, веќе го чекал полицаец, кој му рекол да го спушти оружјето и да се предаде, што и го направил.

Покрај тешкото убиство, Гњидиќ се товари и за кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали и загрозување на безбедноста.

-Беа во брак 24 години, таа долго трпеше психичко насилство, тој ја малтретираше неа и децата. Таа се повлече во себе, работеше многу за да го задржи мирот во куќата. Со текот на времето ѝ се допадна Бојиќ, сфати дека може да има поинаков живот – изјави мајката на Бранислава, Олгица, ден по злосторството.

На повтореното судење, Предраг рече дека знаел дека неговата сопруга е во емотивна врска со Бојиќ и дека повеќе не може да поднесува приказни дека таа има некој друг.

– Покрај тоа што дознав за прељубата на мојата сопруга, дознав дека Бојиќ имал физички контакт со мојот син, поради што „пукна фитил“ во мојата глава. Жал ми е што страдаат оние кои не го заслужиле, моите синови и неговите ќерки – рече Гњидиќ.

Гњидиќ рече дека автоматската пушка со која е извршено кривичното дело ја пронашол во ловниот дом лоциран во рамките на Шумското стопанство „Моровиќ“, каде што е вработен.

– Знаев дека таа пушка е таму повеќе од два месеци, складирана во еден агол на таванот, но не знам како стигнала таму, не знам чија сопственост е – тврдеше обвинетиот Гњидиќ, а рече дека имал дозвола да го носи ловечки карабин, бидејќи официјално како професионален ловочувар го користи од 1995 година.

– Иако се вели дека времето лечи се, ова никогаш нема да залечи – заклучи Гњидиќ во судницата.