“Вмровците” на апарати: Мицкоски место Бугарите во македонскиот устав сака да ја “пикне” Украина во НАТО, бил во кондиција се качувал секој ден на Водно! (Видео)
Во своето вчерашно гостување на една национална телевизија, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика сите земји членки на ЕУ кои се дел од НАTO да гласаат за прифаќање на протоколот за членство на Украина во Алијансата.
Сакаме да и помогнеме на Украина? Еве веднаш, веднаш сите земји членки на ЕУ што се дел на НАТО Алијансата да почнеме ратификација на протоколот за членство на Украина во НАТО. И да и помогнеме, и да и помогнеме, потенцираше Мицкоски во тоа интервју. Според Мицкоски треба да се искористи членот 4 или 5 на НАТО и да и помогнеме на Украина, да пратиме војници таму, да одиме ние да се бориме заедно со овие политичарите, само така ќе и помогнеме, а ова другото е двојни стандарди и понижување и омаловажување. Еве ако сакаме да и помогнеме така се помага денеска, таму каде се води војна така се помага, вели тој.
Се погласно се зборува за тоа дека Украина ќе почнела преговори или нема. Па во Украина живеат огромни малцинства на соседните држави на Украина. Унгарија и Полска да речеме. Кои што немаат никакви права споредено со овие 756 Бугари кои што живеат во Македонија кои што според последниот попис рекле дека зборуваат бугарски јазик. И тие ќе почнат преговори, а ние нема да почнеме преговори. Зошто?, прашува Мицкоски во тоа интервју.
Разочараните гласачи на опозицијата му порачаа Среќен ти пат Даскале!
Неговиот довчерашен коалиционен партнер, лидерот на ГРОМ, Стевчо Лакимовски му напиша
Со новиот изборен закон мора да се воведе задолжителен психијатриски преглед за “лидерите” на секоја политичка партија!
До каде отиде вечерва во додворувањето кон американците лидерот на ВМРО ДПМНЕ!
Предлага да ја примиме Украина во НАТО, да го активираме член 4 и да влеземе со војска во Украина на фронт со Русија, напиша Јакимовски на фејсбук и додаде:
Што да испраќаме војска нека оди тој како доброволец. Не е престарен има 45години.
Во кондиција е, секој ден ака по Водно, очекувам дека ќе го распределат во јуришна бригада да го форсира Дњепар зошто не може да потоне оти е многу лесен.
Лејка, заклучи Јакимовски.