ВМРО-ДПМНЕ: “Ако се стави европско знаменце на Законот за амнестија, ја напуштаме работата на Собранието“

Ако се стави европско знаменце на Законот за амнестија, следи напуштање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за правда наместо нервозно да реагира треба наредниот пат прецизно да ги следи говорите и ставовите на Пртеседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Никаде не се тврди дека за законот за ослободување на вмешаните Монструм и други криминалци е веќе ставено европско знаменце. Но со оглед на тоа што и за многу други закони тоа е злоупотребено, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ако тоа се стави на Законот за амнестија следи напуштање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Поважно е министерот за правда да објасни каков договор има за ослободување на криминалци и која е цената за таквиот чекор на владата на Ковачевски. 

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ