ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски повторно пробува да глуми дека ништо не знае, се интензивираат притисоците врз Таравари
Ковачевски повторно пробува да глуми дека ништо не знае, додека истовремено, секој ден се повеќе се интензивираат притисоците врз Таравари, а вчера беа сменети и двајца директори на оваа партија.
Не знае ни за физичкото насилство врз членовите на Алијанса за Албанците, не знае ни за куршумот во домот на Таравари, а денеска не ја знаел ни причината за смената на двајцата директори.
Ковачевски 2 години помина во незнаење и ништо, преќутување на криминалните бизниси на ДУИ и освен што стана привезок на ДУИ, со друго нема што да се пофали.
Светски феномен е и партија која има 13 пратеници, да добие премиерско место, но ете се случи и тоа.
Се поголем е стравот од пораз на СДС и ДУИ, како се ближат изборите, каде граѓаните ќе ги пратат во историјата но и пред лицето на правдата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ