Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари дневно! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари дневно! Македонија е најсиромашната земја во Европа и со најголема инфлација! Инфлацијата во Македонија е за 50% повисока отколку во еврозоната!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора над 50%. Јавниот долг за 7 години е зголемен за речиси 4 милијарди евра.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата го задолжила секој граѓанин за 2000 евра. Заради СДСМ и ДУИ секое четиричлено семејство има по 8 илјади евра долгови! Македонија е меѓу 10-те земји со највисока стапка на криминал во Европа. Владата ја поскапи струјата за 70% од 2020 година до сега! Сметката за струја од 2000 денари во 2020 година сега е 3400 денари. Владата веќе платила над 200 милиони евра на „Бехтел и Енка“, а почетокот на изградбата на автопатот не се ни на повидок.
„Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија! Македонија е земја со најниски плати и пензии во Европа во последните 6 години! Македонија се дави во корупција, потенцираат во извештаите на ЕК, Стејт департментот, германски бизнисмени и странски претставници! Со оваа власт довербата во правдата е само 2%! Нема европски фронт на ДУИ и СДСМ затоа што внукот на Ахмети, Дрини, ја купил „Соравија“ за 30 милиони без да вложи денар“, се вели во партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.