ВМРО-ДПМНЕ: “Наместо за целни мерки за развој, СДСМ троши милиони на поткуп, од кој народот нема да види никаков ќар“

Наместо за целни мерки за развој, СДС троши милиони на поткуп, од кој народот нема да види никаков ќар.

Поткупот за избори од СДС преку таканаречени мерки за пензионерите, младите, студентите не ги решаваат нивните проблеми.

Пензионерите имаат потреба од трајно зголемување на пензиите, како што тоа го предвидува ВМРО-ДПМНЕ, а не по илјада или две за поткуп.

Студентите имаат потреба од достојни услови за живот, а не од некој денар повеќе за месец два.

Со СДС над половина милион луѓе живеат во сиромаштија.

Народот едвај преживува и потребен е сериозен развој, а не фрлање милиони за поткуп.

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.