ВМРО-ДПМНЕ: “Посочените лица се блиски соработници на Христијан Мицкоски колку на Димитар Ковачевски што му е близок соработник Илон Маск“

Посочените лица се блиски соработници на претседателот Мицкоски колку на Ковачевски што му е близок соработник Илон Маск. 

Но, шегата на страна, во присуство на сериозни афери за убиени деца, за милионски тендери и криминал на сите страни, СДС одбира да ја забавува јавноста со фотографии кои не само што не докажуваат ништо, туку и се редат во намерен контекст, се измислува некаква близина само со цел да се води црна кампања за покривање на сите нивни неуспеси и афери.

Ако имало било што незаконски во фотографијата во која има некое си лице, убедени сме дека Спасовски ќе го решеше однапред и едвај чека да најде нешто сомнително, но реалноста е дека ниту има такво нешто, туку се прави театар за јавноста да се покријат сопствените слабости.

Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната се оние фабрики кои растат во Струмичкото поле и кои се во посед на фамилијата која ја поседува СДС.

Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец , турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица.

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.