ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ЕВРОПА – Започнал од нула, а во своите 76 години живот успеал во се

Еден од најбогатите луѓе во Европа, Мелкер Шорлинг, почина во Шведска. На неодамна објавената листа на најбогати луѓе во оваа земја, Мелкер Шорлинг има богатство проценето на 10 милијарди евра и се најде на второто место, веднаш зад Стефан Першон, поранешниот сопственик на глобалниот синџир бутици H&M.

Мелкер Шорлинг пораснал на село, неговиот татко имал фарма во близина на градот Оребра. Поради тешкото и напорно воспитување, решил да стане самостоен и финансиски стабилен уште на млада возраст. Во своите 76 години живот успеал во се.

Дипломирал на факултетот за бизнис, економија и правен факултет на Универзитетот во Гетеборг.

Овој милијардер стоеше зад успешните компании како Hexagon, Hekpol и Securitas, на чие чело дојде во 1987 година во време кога оваа компанија специјализирана за безбедност го минуваше својот најлош период. Десет години подоцна компанијата беше на врвот на светот во таа индустрија.

Мелкер Шорлинг се повлекува од функцијата извршен директор во 2017 година поради здравствени проблеми, а го наследија неговите ќерки Софија и Марта, кои набрзо ја презедоа компанијата со милијардерот Стефан Першон.

На листата на магазинот Forbs за најбогати луѓе објавена оваа година, Мелкер Шорлинг се најде на 184 место.

Мелкер Шорлинг почина во Никопинг, Шведска на 76-годишна возраст.