Срамните коментари за смртта на Метју Пери ги згрозија сите: „Сакам кога ќе умре наркоман“ 

Поранешниот писател на SNL, Кевин Бренан, ја исмеа смртта на актерот Метју Пери, објавувајќи застрашувачка порака на Твитер.

Откако предизвика лавина негативни реакции, тој повторно излезе и на не помалку срамен начин ја коментираше својата изјава.

Кевин Бренан го води подкастот Misery Loves Company каде често ги коментира комичарите. „Удавен во топла када. Хахахахаха“, напиша тој на Твитер за смртта на Метју Пери.

„Поранешниот писател и комичар на SNL, Кевин Бренан се потсмева со смртта на Метју Пери“, го коментираше својот срамен чин, на што тој одговори: „Дали сум во тренд?“.

Бруталните и апсолутно неприфатливи коментари на Бренан продолжија се додека тој во неделата не изјави: „Не се потсмевав со тоа. Само мислев дека е смешно. Но, сакам кога умираат зависниците од дрога“. Срамно!

На прашањето зошто давењето во топла када му е смешно (запомнете, Метју Пери беше пронајден мртов во џакузи на неговиот имот во Лос Анџелес во саботата навечер. Тој беше прогласен за мртов на местото на настанот), тој одговори: „Затоа што не е многу длабоко“.

Огромен број луѓе оправдано го критикуваат, а еден од насловите што ги испровоцира гласи: „Комедијаст осуден за суров твит во кој се исмева смртта на Метју Пери“.