‘ИКОНА НА ХОЛИВУД’ – Почина американскиот актер кој сигурно сите го имаат видено во голем број големи и добри филмови

Познатиот американски актер Алан Аркин почина на 89-годишна возраст. Неговите синови АдамМетју и Ентони ја потврдија смртта на нивниот татко во изјава за магазинот People, пишува Daily Mail.

Нашиот татко беше уникатно талентирана сила на природата и како уметник и како човек. Вљубен сопруг, татко, дедо и прадедо, тој беше обожаван и длабоко ќе му недостасува“, се вели во соопштението на неговите синови.

Според информациите на магазинот Variety, актерот починал во својот дом во Карлсбад, Калифорнија.

За време на неговата плодна кариера, Алан Аркин, меѓу другото, освои и Оскар за улогата во мрачната комедија „Little Miss Sunshine“ од 2006 година и во 1963 година за „Enter Laughing“.