ВМРО-ДПМНЕ: Со два софтвери ќе ја намалиме корупцијата во урбанистичкото планирање

ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против корупцијата во урбанизмот со два софтверски проекти, е-урбанизам и бим софтвер, најавуваат од партијата.

„Првото, е-урбанизам или е-простор, значи намалување на процедурите и времето потребно за одговор на надлежните институции. Сега за проект ни требаат мислења од институции како МЕПСО, ЕВН, општински претпријатија, министерства и други институции како што е Институтот за културно и историско наследство. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е ова да се дигитализира или тој што го изработува урбанистичкиот план наместо да трча по институциите да ги добие информациите со софтверска алатка. Ова ќе го намали влијанието на човечкиот фактор и ќе го забрза процесот на добивање информации и документи. Тоа ќе доведе до транспарентен и без корупција процес.

Вториот, софтверот bim или алатката bim, би го користеле планери и институции кои во процесот на добивање градежна дозвола би можеле да влезат во самиот проект и алатката би ми дала одговор доколку проектот одговара на урбанистичкиот принципи. И со ова идејата е да се забрза процесот на доделување на одобрението за градба. Или вака ќе се зголеми транспарентноста, а ќе се намали корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие алатки, додаваат, ќе доведат до поголема транспарентност, побрз процес на издавање документи и што е најважно, ќе ја потиснат корупцијата во општеството, која е еден од најголемите проблеми на граѓаните.