Пајазит Пајазити треба веднаш да биде разрешен, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека судијата Пајазити не ги исполнува етичките и законските основи за да остане судија.
„На Блерим Рамадан наместо затвор му беше одреден домашен притвор и на тој начин му се отвори пат за бегство. Пајазити знаел дека Рамадан според неговото минато и искуство може да избега, но и покрај ова свесно го ставил во домашен притвор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, очигледна е намерата на Пајазит да му даде можност на Блерим Рамадани да избега.
Пајазити мора да одговори и прво да биде разрешен од судиската функција“, се наведува во соопштението на владејачката партија.