ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на ДС да излезе од Владата, ги охрабруваме другите партии да го следат примерот
Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз.
Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата.
Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само “Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.
Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори.
Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени.