Семејството на Претседателот на ДУИ Али Ахмети, поточно синот Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан се наоѓаат во центарот на вниманието откако во јавноста произлегоа информации за нивните бизниси (за кои се претпоставува дека не се легални) и бизнис-зделки со високи функционери и институции.
Имено, пред неколку денови како бомба одекна вестта дека синот на Али Ахмети го има откупено трговскиот центар Соравиа. Освен ова, од Фондот за иновации му биле доделени и 80.000 евра.
Освен купувањето на Соравиа, гореспоменатите лица биле вмешани и во бизнис за производство на фотоволтаична централа.
Во врска со овие настани, денес опозициската ВМРО ДПМНЕ одржа през-конференција каде упати жестоки обвинувања до СДСМ, ДУИ и нивни раководители.
Во продолжение го пренесуваме соопштението од пресот на ВМРО:
СДС се крие од јавноста, за да не ги даде одговорите и држи прес конференции со кои сака да ја дефокусира јавноста од реалните прашања.
СДС е должна да одговори како кланот Зајас успеал да се стекне со толкаво богатство и имот. Како внукот на Ахмети освен концесија за каменолом и хидроелектрана стана сопственик на трговски центар без да вложи денар. Да одговори како синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево. Дали Ковачевски ветил партнерство на државата зад овој проект на кланот Зајас? Дали со државни пари Ковачевски планирал да ги финансира бизнисите на Ахмети?
СДС се претворија не само во помал партнер, туку во целосно потчинет чирак на ДУИ. Мислат дека со дефокус ќе избегнат одговори, но многу се лажат. Одговорноста и казната ќе ги стигне,се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ.