ВНИМАНИЕ! Се појави НОВ СОЈ НА КОРОНА ВИРУС „ПИРОЛА“: Има многу мутации, а ова се СИМПТОМИТЕ на кои предупредуваат лекарите

Новата варијанта, која на социјалните мрежи ја нарекуваат и пирол, има повеќе од 30 мутации

Новата варијанта на корона вирусот наречена BA.2.86, која има голем број мутации, досега се појавила во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел, а научниците истражуваат до каде се шири и како имунолошкиот системот ќе се брани од него.

Новата варијанта , наречена и пирол на социјалните мрежи,  има повеќе од 30 мутации во споредба со најблиската претходна форма на BA.2, омикронската подваријанта , рече Џеси Блум, виролог во Центарот за рак Фред Хачинсон во Сиетл, Вашингтон.

Според неа, тоа е еволутивен скок споредлив по големина со оној што првично доведе до микрон сој на корона вирусот, пренесува CNN.

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот го назначи BA.2.86 како „варијанта под надзор “, што значи дека земјите треба да ги следат и пријават сите мутации што ќе ги откријат.

Директорката на американската Национална агенција за јавно здравје Менди Коен во петокот рече дека новата варијанта не треба да биде причина за вознемиреност.

–  Подготвени сме од кога било да откриеме и да одговориме на промените во вирусот Ковид-19  – рече Коен за Си-Ен-Ен, а пренесува Танјуг.

Кои симптоми го разликуваат најновиот вид?

Лекарите рекоа дека  моделот на симптомите е ист како оној на претходните видови . „Досега се чини дека сè е исто во однос на симптомите“, вели Томас Русо, д-р и професор по заразни болести на Универзитетот во Њујорк. Вообичаени симптоми на кои треба да се внимава се:

  • треска
  • кашлица
  • скратен здив или отежнато дишење
  • замор
  • болки во мускулите или телото
  • главоболка
  • ново губење на вкус или мирис
  • воспалено грло
  • затнат или течење на носот
  • гадење или повраќање
  • дијареа