ВИДЕО | КАКВА ЌЕ БИДЕ СУДБИНАТА НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – Ако ги прифати уставните измени ќе ја загуби удобната фотелја во “Белата палата“!?

Се поочигледно е дека двете најголеми политички партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се покажаа некапацитетни да се договорат околку стратешките интереси на Република Македонија односно околу уставните измени и членството на државата во Европската унија (ЕУ).

Прашањето кое ја интересира македонската јавност е – како и зошто двете политички партии кои во изминатите 30 години се менуваа на власт во државата не можат да постигнат договор за иднината на Македонија ?

Каква ќе биде судбината на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски ?

Ако Христијан Мицкоски ги прифати уставните измени неговата позиција како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе виси на конец и токму поради тоа тој нема маневарски простор – ако прифати ќе ја изгуби „Белата палата“, а ако не прифати уставни измени исто така може да ја изгуби лидерската позиција на најголемата опозициска партија во државата.

Христијан Мицкоски во моментот е во многу неизвесна политичка и лидерска ситуација, а еден од главните „виновници“ за неговата позиција во моментот е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Најголемата опасност за лидерот на опозицијата доаѓа токму од неговиот најтесен круг на соработници. Александар Николовски како “прокурист” на Виктор Орбан (премиер на Унгарија) има силно влијание врз Христијан Мицкоски, а со тоа и директно врз неговите одлуки. Идеално за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ би било да може да го „елиминира“ Александар Николовски од партијата односно на претседателските избори следната година токму потпретседателот на партијата да оди за претседателски кандидат на државата, а со тоа, доколку победи да биде претседател на државата, а доколку изгуби да го испрати во политичка пензија.

Христијан Мицкоски, Александар Николовски и Виктор Орбан

Христијан Мицкоски де факто ги прифати уставните измени по последната лидерска средба со претседателот на Владата и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. По таа средба, лидерот на опозицијата големото „не“ го претвори во „да“ односно ги прифати уставните измени но со одложен рок на употреба т.е. откако ќе поминат протоколите во сите земји-членки на ЕУ. Во тој момент, доколку СДСМ го премолчеше процесот и доколку му оставеше простор на Христијан Мицкоски да го спроведе процесот во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, можеби опозицијата ќе ги прифатеше уставните измени, но СДСМ тогаш влезе во т.н. медиумска хајка и започна да ја покажува дволичноста на Христијан Мицкоски односно дека сето она што го правел изминатите 12 месеци паѓа во вода.

СДСМ со тоа што сакаше да ја презентира непринцепиелноста на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја „изгуби“ шансата за да помини промената на Уставот на Република Македонија.

Токму поради ова на Христијан Мицкоски му се заканува да ја загуби „Белата палата“ доколку прифати промена на Уставот на државата.

Процесот за уставните измени официјално започна во македонскиот Парламет, а со тоа државата ја очекуваат многу бурни времиња во следниот период. Следните 30 до 60 дена ќе бидат „пеколни“ во Македонија, а по овој период нашата држава повеќе нема да биде иста.

Устав на Република Македонија

ДВЕ ОПЦИИ ЗА (НЕ)УСПЕХ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Едната опција е уставните измени да не успеат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да може да ја „порази“ меѓународната заедница во државата, а втората опција е уставните измени на сила да успеат во Република Македонија и да ни се случи перцепција и фрустрација од типот дека е тоа некое “второ Арачиново” или ново купување на пратеници за гласање за промена на Уставот.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – Последна политичка анализа за сезона 2022/23. – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #tiktokmacedonia #EU #Europe #Skopje #HristijanMickoski #VMRO #vmrodpmne #summer

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Последната почитичка анализа на новинарот и сопственик на веб-порталот – vocentar.com, Васко Ефтов, во емисијата Во Центар детално ја опишува ситуацијата за тоа како ќе се одвива процесот на уставните измени во државата.

Ова е само мал дел од опширната анализа за тоа каква судбина ја очекува Македонија, целата политичка анализа можете да ја погледнете во видеото: