Внукот на познатиот пејач проговори за односот со Рада Манојловиќ: Се шпекулираше дека биле во тајна врска „Тоа беше шлаканица за враќање во реалноста…“
Внукот на Цуне Гојковиќ, Ѓорѓе Ѓиновиќ , кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, проговори за врската со пејачката Рада Манојловиќ бидејќи се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
Деталите од врската со Рада сега ги откри во емисијата „Гранд магазин“, но раскажа и како медиумите го поврзале со колешка.
– Не е првпат да пишуваат за мене така, првото беше дека сум внук на познат пејач, а потоа аферата со Рада Манојловиќ. Навистина ми е добра пријателка, бевме на снимањето на емисијата, фатија кадар каде сме заедно и потоа пишуваа сè и сешто. Утрото кога се разбудив ме пречекаа наслови „Внук на познат пејачк во врска со Рада Манојловиќ“ – рече тој и истакна дека таквите наслови го погодиле, но признава дека оттогаш почнал да ги гледа работите поинаку.
– Не можам да кажам дека ми беше удобно, тоа ми беше шлаканица на реалноста, го променив пристапот кон кариерата и музиката. Мислев дека е лесно, но на крајот не е лесно – заклучи тој.
Инаку, Рада Манојловиќ неодамна имаше непријатна ситуација со сопствениците на клубовите во кои требаше да настапи, но од здравствени причини мораше да ги откаже.
Имено, таа на социјалните мрежи напиша дека морала да ги откаже настапите од здравствени причини, а сопствениците на клубовите ја замолиле да сними видео во кое таа во таква состојба им се обраќа на фановите и им ја соопштува вестта за откажувањето на настапот.