Вода до колена, ама сепак ја запали скарата?! Фотографија ги запали социјалните мрежи (ФОТО)

Фотографија од човек во рибарски чизми како подготвува скара брзо стана вирална.

На социјалните мрежи стана вирална фотографија од маж кој пали скара во поплавен двор .

На Фејсбук страницата на Радио Мрежница во петокот беше објавена фотографија од маж кој пали оган на скара од тули во дворот, додека водата е до колена .

За да се заштити, човекот облекол длабоки гумени рибарски чизми со навлаки .

Фотографијата е направена во еден од деловите на Карловац во Хрватска.

Оваа објава наиде на бројни коментари, а луѓето се воодушевени што овој жител на Карловац не паднал во очај поради несреќата што го снашла .

Кога станува збор за поплавите, Карловац во моментов е една од најзагрозените области во Хрватска.

Сакаме да потсетиме дека во последните денови поплавите зафатија многу области во Хрватска и Босна и Херцеговина .