Водителката на Пинк објави дека заминува по 17 години: „Ја напуштам оваа куќа ,благодарна сум ви за сè“ (фото)

Тијана Прица, водителка на „Премиера“, објави дека повеќе не е дел од Пинк телевизија.

– На 17 години влегов во оваа куќа, 17 години подоцна ја напуштам, благодарна сум ви за сè што научив на оваа адреса –  започна Тијана во објава на Инстаграм, заедно со фотографии пред зградата Пинк на Дедиње.

– Од анкетата на улица, до соработник на новинарите, па сè до емисијата „Премиерa“ за која чекор по чекор дадов сè. Благодарна сум на сите и за сè– напиша Прица.