ВОДИТЕЛОТ СРЕДЕ ЕМИСИЈА ГО УДРИЛ ГРОМ: Погледнете го видеото, наеднаш експлодира, не ни сфатил што се случило (ВИДЕО)
Познат американски водител бил погоден од гром додека снимал емисија во мочуриштето Еверглејдс во Флорида.
Водителот на Дискавери, Форест Галанте (35) минатата недела снимаше промо материјал за својот канал на Јутјуб, кога наеднаш се појави гром. Галанте веднаш истрча од водата викајќи дека е удрен, но откако се смири, на камерманите им кажа дека е добро. Потоа заедно ја прегледале снимката за да видат дали е снимена необичната сцена.
Биологот и експерт за диви животни потоа на својот канал на YouTube објасни што точно се случило.
– О, добро! Каков ден! Денеска требаше да биде лесен ден. „Ние сме овде во Јужна Флорида и снимаме куп различни содржини, а една од работите што ја планиравме за денес е да одиме во мочуриштата и да снимаме содржина “, рече Галанте.
Тој наведува дека кон крајот на денот времето почнало да се влошува, почнал да врне, а потоа оддалеку слушнал гром.
– Знаеш, Флорида е, овде врне. Цело време молњи и громови – изјави Галанте.
Тој тврди дека не видел молња бидејќи бил свртен кон камерата, туку дека почувствувал како му се стегаат нозете и грбот и дека бил парализиран дел од секундата.
– Сфатив кога го прегледав видеото дека гром удри зад мене и само минува низ водата пред моите нозе. Потоа ми помина низ половината и срцето и на крајот низ устата – изјави Галанте.