ВОДНО ТОРАНДО НАПРАВИ ПАНИКА НА ПЛАЖАТА ХОЛУВУД : Луѓето ги земаа деца во раце и бегаа колку што можеа да ги носат нозете (ВИДЕО)

Водна пијавица која се формирала над океанот ненадејно тргна кон плажата Холивуд во Мајами, по што посетителите побегнале.

– Јас сум од Мичиген и никогаш во животот не сум видела вакво нешто – изјавила Деби Бјуик, која била сведок на необичната појава.

На видеата се гледа огромна пијавица која вчера околу 12 часот се формирала над водата. Многу посетители на плажа на почетокот мирно гледаа еден вид водено торнадо.

  • Беше толку добро дефинирано. Доаѓаше директно на плажата. Луѓето полудеа, а некои не ни забележаа дека доаѓа – вели еден посетител.

Други луѓе забележале како се приближува водената пијавица и брзо ја напуштиле плажата.

Кога сфативме дека се приближува, ги грабнав децата и се сокривме во гаражата. Таму се заклучивме во бањата бидејќи не бев сигурна дали ќе биде нешто опасно – изјави Сара Мартинез.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо откако водената пијавица стигна на копното, но набрзо беше отстрането. Кога водната пијавица ќе излезе на брегот, експертите ја сметаат за торнадо.

Ветровите од торнадото расфрлаа столици и чадори пред торнадото да изчезне. Твистерот беше на копното околу 10 секунди.