Ал Насср победи со 2:0 на гостувањето кај Персеполис во првиот натпревар од групната фаза на азиската Лига на шампиони. Главната приказна на тој натпревар одигран во Техеран беше реакцијата на тамошната јавност и фудбалските фанови кои масовно се собираа каде и да се појавија Кристијано Роналдо и неговите соиграчи.
Португалецот не се дружеше премногу со навивачите, остана само да им мавне неколку пати на пат од едно до друго превозно средство, но затоа го воодушеви возачот на автобусот кој ги превезуваше играчите до Саудискиот клуб на тоа гостување. Тој даде изјава за иранските медиуми во која го пофали Роналдо.
“Роналдо беше многу љубезен кон сите и воопшто не е арогантна личност. Со сите се однесуваше како да е нивен пријател. Немав поим дека ќе биде толку добар. Морам да кажам дека сум шокиран од она што го видов” рекол возачот. Покрај гостувањето во Техеран, Ал Наср ќе патува и во Катар и Таџикистан бидејќи противници во групата им се Ал Духаил и Истиклол Душанбе.