ВОЗНЕМИРНИ ГЕРМАНЦИ МАСОВНО ЈА ПОВИКУВАЛЕ ПОЛИЦИЈАТА: Се крена паника поради мажите кои носеа животно на ражен ГРАЃАНИТЕ ВО ШОК (ВИДЕО)

Полицијата во Нојнкирхен во западна Германија примила неколку повици од граѓани за четворица мажи кои носат дрвен ражен со животно на него.

Локалните медиуми јавуваат дека очевидци повикале полиција за време на викендот и пријавиле дека животно било набиено на ражен и дека „нозете му висат млитаво“. На социјалните мрежи кружат неколку снимки и лесно може да се препознае дека сцената е снимена во центарот на градот.

Портпаролот на локалната полиција потврди дека случајот е пријавен.

– Полицијата е запознаена со снимките од викендот. Поведена е истрага поради сомнение дека е прекршен законот за благосостојба на животните. На видеата се чини дека животно е овца, но тоа се уште не е јасно – изјави портпаролот на полицијата.

Сепак, малку е веројатно дека мажите од видеото ќе бидат кривично гонети.

– Само неоправданото убивање на животни е злоупотреба на животни. Дозволено е да се убие животно откако ќе се зашемети за да се испече на скара и да се изеде – додаде портпаролот на полицијата.