Вознемирувачка снимка од израелски затвор – војници силувале палестински затвореник

Во јавноста е објавено видео од надзорна камера на кое се гледа како израелски војници силуваат палестински затвореник во озлогласениот затвор Сде Тејман.

На видеото се гледаат чувари во затворот во пустината Негев, во јужен Израел, како одвојуваат затвореник, осомничен борец на Хамас, заробен во Газа, од поголема група што лежела на земја.

Потоа жртвата е однесена до ѕидот, каде што чуварите, користејќи штитови за да го сокријат својот идентитет од камерата, ја силуваат жртвата. По инцидентот на 29 јули уапсени се десет војници на единицата Форс 100, пишува Ал Џезира.

Двајца војници беа ослободени на рочиштето во воениот суд на 30 јули, а воениот обвинител дополнително ослободи уште тројца на 4 август.

Иако целиот случај ја потресе израелската заедница, некои, како екстремно десничарскиот израелски министер за финансии, повеќе се нафрлија на проблемот со протекувањето на снимката, а помалку на самото силување.