Вознемирувачки видеа од земјотресот: Луѓето врескаат и испаничено се обидуваат да излезат од пеколот кој одзеде над 1000 животи (ВИДЕО)
Земјотресот што го погоди Мароко однесе повеќе од 1.000 животи, а сега се појавија страшни снимки од оваа катастрофа. Некои профили на платформата Х, порано Твитер, објавија видеа на кои се гледаат оштетени предмети, како и моментот кога луѓето во паника трчаат врескајќи на улица, објавија медиумите.
Националниот институт за геофизика на Мароко соопшти дека земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во раните утрински часови во саботата во провинцијата Ал Хауз како што е забележано од Националната сеизмичка мрежа.
Институтот во заедничкиот „предупредувачки билтен“ со Националниот центар за научни и технички истражувања објасни дека овој земјотрес, чиј епицентар се наоѓа во заедницата Игил во провинцијата Ал Хауз, се случил во 11 часот и 11 минути и една секунда во петокот навечер по локално време.
Медиумите објавија дека меѓу градовите кои се најпогодени од земјотресот се Маракеш, Казабланка, Агадир и Рабат.
Жителите на ова африканско кралство го почувствувале земјотресот кој траел околу две минути, а повеќето од нив излегле на улиците во страв од последователни потреси.
Очевидци зборуваа за уривање на голем број згради од античкиот период во некои градови.