Толку многу ја сакал својата жена што ги откопал нејзините посмртни останки, па го направил ова! Најбизарната љубовна приказна ќе ве шокира (видео)

Приказната за виетнамецот Ле Ван е навистина бизарна! Повеќето луѓе мислат дека тоа е измислица. На крајот, тешко е да се поверува дека некој би можел да ги откопа посмртните останки на нивната сопруга од гробишта, да ги врати дома и да спие во ист кревет со нив.

Сепак, тоа го има во светот.

Ле Ван во последните 16 години спие со посмртните останки на неговата покојна сопруга и покрај противењето на неговите роднини и сограѓани, бидејќи како што вели не планира да ја врати во гроб.

Виетнамецот Ван и неговата сопруга се венчале во 1975 година. Тие едвај се познавале, а камоли да споделуваат романтични чувства, но нивните родители го договориле нивниот брак уште од мали нозе, а набргу откако Ван се вратил од војска, тие се венчале.

Како што се запознавале, новопечениот пар набрзо се заљубил и живеел среќно до крајот на животот. Имале седум деца и живееле скромен, но мирен живот, сè до еден ден во 2003 година кога г-дин Ван ја добил вестта дека неговата сопруга ненадејно починала. Итно дошол дома, но едвај успеал да ја види само неколку минути пред да биде погребана.

Најпрво Ле Ван поголемиот дел од времето го поминувал на гробот на сопругата, но по неколку месеци почнал да се грижи поради лошото време и дождот. Тој одлучил дека најдобар начин да остане блиску до својата покојна сопруга е да ископа тунел до нејзиниот гроб, за да може да спие до неа!

Кога неговите деца дознале за ова, му забраниле повеќе да минува ноќи на гробиштата. Сепак, не можел да прифати дека засекогаш ќе ја остави сопругата.

Една ноќ, Ле Ван, кога веќе сфатил дека нема да може да спие на гробиштата, решил да ги донесе со себе посмртните останки на неговата сопруга.

Прво и’ ги зел коските и ги ставил во торба во близина на гробиштата. Потоа почнал да прави шуплива статуа во облик на неговата сопруга, од гипс, цемент, лепак и песок, а посмртните останки на неговата сопруга ги ставал настрана. Потоа ја ставил шупливата статуа на креветот и легнал до неа.

Така, тој спиел со сопругата или нејзините останки во последните 16 години.

Кога децата на Ле Ван дознале што направил, збеснале и побарале да го вратат телото на нивната мајка во последното почивалиште, но тој одбил, велејќи дека не може без неа.

Соседите со години не го посетувале неговиот дом откако дознале дека ги вратил коските на сопругата, а некои дури ги алармирале властите, обвинувајќи го Ле Ван дека шири болест.

8олицијата неколку пати се обидела да го убеди да го врати телото на неговата сопруга на гробиштата, но тврдоглавиот маж одбил, па тие на крајот се откажале.

Тој до ден денес, и покрај сè, спие со посмртните останки на својата покојна сопруга и ја чисти статуата, секојдневно ja шминка и ja пресоблекува.