ФОТО | ШЕШИРОТ НА НАПОЛЕОН БОНАПАРТА ПРОДАДЕН ЗА ВРТОГЛАВА СУМА – Мистериозен човек платил цело богатство за овој историски артефакт

Шеширот што му припаѓал на Наполеон Бонапарта, додека тој владеел со Француската Империја во 19 век е продаден за вртоглави 1,9 милиони евра на аукција во Париз, објави BBC.

Шеширот од квалитетен црн материјал се проценува на помеѓу 600.000 и 800.000 евра. Лицето што го купило шеширот не се појавило лично на аукцијата.

Шеширот на Наполеон Бонапарта

Историчарите велат дека шеширот бил дел од брендот на Наполеон Бонапарта, а носењето настрана го направил препознатлив во битките.

Тој поседувал околу 120 различни шешири низ годините, но се смета дека останале само 20, од ​​кои многу се во приватни колекции.