ВИДЕО | НОВАК ЃОКОВИЌ Е НОВИОТ “НОСТРАДАМУС“! Србинот сам си ја предвиде победата во Торино – целиот свет зборува за оваа снимка

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои финалниот Мастерс, што на никој друг не му успеал ова претходно во тенисот. Има уште многу работи кои „никој освен Новак Ѓоковиќ“ не успеал да ги достигне во овој спорт, па денес ја слави 400-та недела на врвот на АТП листата, а она што особено може да ги загрижи неговите противници е тоа што тој нема намера да запре.

Иако одамна ги собори сите рекорди на Роџер Федерер и Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и понатаму на 37 години игра со неверојатен ентузијазам и испишува страници од тениската историја. Многумина мислеа дека тој не може да одговори на младите сили бидејќи одмораше долго време по освојувањето на УС Опен, но се случи токму спротивното. Тој го освои Мастерсот во Париз, потоа финалето на АТП во Торино, што и самиот го предвиде. Не ви се верува ? Има и видео доказ…

Пред завршниот Мастерс во Торино, организаторите побараа од сите учесници „храбри прогнози“, а само Новак Ѓоковиќ се осмели да се обложи на себе. Без никаква лажна скромност, но и без ароганција. 

Ако сакате да бидам искрен, јас го освојувам турнирот!“, вели Новак Ѓоковиќ во видеото кое што можете да го погледнете ОВДЕ.

За тоа време неговите колеги зборуваа за „тешки натпревари“… Без доволно храброст да се обложуваат на себе! 

Новак Ѓоковиќ не престана да верува ниту по поразот од Јаник Синер во второто коло на завршниот Мастерс. Самиот Горан Иванишевиќ изјави дека знаел дека Новак Ѓоковиќ го освојува турнирот веднаш штом ја поминал групата, бидејќи кога е најтешко – игра најдобар тенис. Тоа го почувствуваа и младите тениски ѕвезди, прво Карлос Алкараз доби страшна лекција и го доби најтешкиот пораз во 2023 година, а потоа на сличен начин во финалето се сретна со Јаник Синер.

Несомнено е дека Новак Ѓоковиќ најде тактика, а тоа е да ги „плаши“ противниците – и со својата игра и со својата самодоверба – па небото е сепак граница за Србинот. Ја започна својата 400-та недела на врвот на АТП-листата и таму ќе остане уште најмалку девет недели, а со оглед на тоа што сега претстои Австралија Опен, многу предвидуваат негова победа и таму.