Олександр Усик е неприкосновен боксерски шампион откако го победи Тајсон Фјури по спектакуларна борба од 12 рунди.
Тој ги обедини сите четири главни појаси во тешка категорија – ВБА, ВБЦ, ВБО, ИБФ. За прв пат по Ленокс Луис, кој го победи Евандер Холифилд на крајот на 1999 година, имаме апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија.
Усик за малку ќе го нокаутираше Фјури во деветтата рунда, чудо е како „кралот на циганите“ остана на нозе, се тетеравеше околу рингот, заврши на јажињата, но сепак остана на нозе. Тој го преживеа жестокиот налет на разорни удари на Фјури. Сите се прашуваат како, особено откако видоа една фотографија на која лицето на Тајсон беше целосно деформирано по ударот.
Погледнете!
„Кралот на Циганите“ доби мниогу тешки удари, но за тоа наплати 105 милиони долари, додека Украинецот е побогат за 45 милиони зелени банкноти.