Бездомно куче е фрлено од зграда во Тетово, од седми кат, објави Анима Мунди. Грозоморниот чин се случил сред бел ден, пред очи на граѓани. Чинот бил и сниман.
Страшен инцидент се случил во Тетово.
Куче било фрлено од зграда и паднало на асфалт каде починало по 20 минути.
Тие бараат Министерството за внатрешни работи итно да ги лоцира и приведе сите инволвирани во убиството на ова куче.
Бездомно куче е фрлено од зграда во Тетово, од седми кат, објави Анима Мунди. Грозоморниот чин се случил сред бел ден, пред очи на граѓани. Чинот бил и сниман.
„Безумие и суровост која не знае за граница – во Тетово, бездомно куче фрлено од седми кат од зграда. Среде бел ден, на очи на граѓани, комшии и минувачи кои масовно ни пријавуваат и се во шок; во зграда во изградба во која залутало несреќно бездомно куче, инвеститорот со помош на пожарникари , со стап и покрај сетто плачење на бездомното животно, го присилиле да рипне од 7 кат, зошто немало како и каде да избега. Видете го кучето, слушнете го плачењето негово на ова видео – умира во страотни маки по 20 минути агонија на крвавиот асфалт. Локацијата е карши пицерија Јани во Тетово“, објавија од здружението.
Видеото може да го погледнете ТУКА.