Во улицата Филипа Вишњиќ во населбата Подбара во Нови Сад дошло до тепачка меѓу двајца мажи, а најлошото го извлекла девојката која се обидела да ги раздвои скараните.
На социјалните мрежи се појави снимка од оваа случка на која може да се види како еден од разбеснетите мажи буквално нокаутира со тупаница девојка која се приближи со друго момче во обид да ја прекине тепачката.
Засега не е познато зошто непознатите мажи се степале.
Судејќи по видеото, девојката за среќа се здобила со полесни повреди бидејќи по неколку моменти станала од патот. Како завршила целата пресметка засега не е познато бидејќи овој инцидентот, според неофицијални информации, не бил пријавен во полиција.