ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО се врти на Тикток! Се слушнале истрели додека таа се шминкала, немала поим дека нејзиниот брат е убиен
Тиктокерката се снимала додека се шминкала, а во позадина се слушаат истрели. Набрзо сфатила дека нејзиниот брат е убиен.
ТикТокерката од Мериленд се снимаше себеси додека се шминкаше и во тој момент слушна звук на истрел од пиштол. Отпрвин не знаела за што се работи, но од страв престанала да снима. Набрзо сфатила дека се случило пукање точно пред нејзината куќа и дека нејзиниот брат бил убиен во тоа пукање.
Нејзиниот брат Исаја Олугбеми, надежен боксер и татко на момче, бил убиен пред куќата. Ребека Олугбеми покажувала производ за нега на кожата пред камерата околу 21:45 часот кога одекнале истрели.
@asake.olu On Monday June 17th my younger brother was murdered ruthlessly outside of our home in Odenton, Maryland. I’m posting this to bring awareness of the situation in hopes of getting justice. My brother was a great father, son, brother and friend and didn’t deserve this. His name Isaiah Olugbemi. #justiceforisaiaho #justice #fyp #maryland #murder #marylandmurder #dmvcrime #gunviolence #nighttime #crime #crimestories #victim #fyppppppppppppppppppppppp #share #repost #like ♬ original sound – ASAKÈ | Lifestyle Creator 💓
Исаја се здобил со повеќе прострелни рани и итно бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, соопшти полицијата. Исаја се надеваше дека ќе стане професионален боксер и само минатиот месец победи на националното првенство во бокс, изјави неговото семејство за NBC Вашингтон.
“Само сакам луѓето да знаат дека мојот брат беше одличен татко, голем човек“, рече Даниел Олугбеми. “Тој само сакаше да биде голем боксер“.
Рекоа дека негова втора страст во животот е грижата за неговиот двегодишен син. „Тој секогаш внимаваше за сите и се погрижи сите да бидат добро“, рече Ребека.
Еден ден по пукањето, истражителите го уапсија соседот на Олугбеми, Николас Жиру (36) за убиството и го обвинија за убиство од прв и втор степен. Се чини дека убиството било планирано, според полицијата, а семејството изјавило дека Жиру и претходно се конфронтирал со нив.