Вознемирувачко видео! Се појави ново видео: Вака жена го донела починатиот „вујко“ во банка да земе кредит: „Мораш да потпишеш“! (фото/видео)

Инцидентот од Бразил во кој 42-годишна жена во вторникот донесе мртов „вујко“ во инвалидска количка во банка во Рио де Жанеиро за да потпише документи за заем, стана вирален.

„Вујко Пауло, слушаш? Мора да потпишеш. Ако не потпишеш… не можам да потпишам за тебе“, рече таа.

Меѓутоа, 68-годишниот маж што таа го донела во инвалидска количка не реагирал. Жената се претставила како негова внука и негувателка, иако полицијата сè уште не утврдила дали тие се поврзани или не, пишува The Washington Post.

Жената дури му турнала пенкало меѓу прстите на починатиот, а кога вработените во банката забележале дека е блед, им рекла дека „секогаш е таков“. На крајот повикале брза помош која констатирала дека мажот бил мртов со часови.

„Секој што ќе го погледне видеото може да види дека човекот е мртов“, изјави Фабио Соуза, главен полициски истражител, за телевизијата Глобоњуз. „Таа го допираше и знаеше дека е мртов.”

Полицијата ги истражува причините за смртта на мажот, а жената е обвинета за кражба. Мажот, наводно, бил хоспитализиран порано поради пневмонија, но во понеделникот ја напуштил болницата жив.