ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиецот му пукаше на раперот во срцето, па потоа седнал до него! Се предаде само поради една причина!
Злосторството во Германија, кога беше убиен српскиот рапер Александар Мочевиќ (38), попознат по прекарот Алекс М, ги крена сите на нозе, а убиениот претходно го познаваше убиецот!
Мотивот за убиството се крие, како што неофицијално се дознава, во коцкарски долгови.
Уапсениот Албанец Рустем Лапи (52) го застрелал Србинот вкупно пет пати пред неговото казино, Мочевиќ починал на лице место, па лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
Полицијата го пронашла осомничениот за убиството покрај загинатиот рапер, а на злосторството посведочиле неколку лица кои во неделата вечерта биле во казиното.
Застрелан со три истрели
-Алекс пред еден месец отвори казино во Дизелдорф, а Албанецот кој го уби доаѓаше во неговиот локал и слушнавме дека му должел пари. Кобната вечер, кога се се случило, Алекс воопшто не бил во казиното. Го повикале среде ноќ да дојде во казино бидејќи тој Албанец правел проблеми. Алекс веднаш стигнал таму, а прво дошло до расправија, а потоа му рекол на осомничениот да излезе надвор ако сака да разговара, но никој не очекувал дека ќе дојде до ова – изјави за Курир сведокот на страотниот настан.
Како што понатаму кажа, раперот имал три рани од куршуми на стомакот и две во пределот на срцето.
– Прво го застрела во стомакот, а потоа двапати го застрела во срцето и го уби на лице место – вели извор близок на истрагата.
Убиениот рапер имал и пиштол со себе, но во овој инцидент воопшто не го употребил, ниту пак успеал да го повлече. Сепак, неговиот убиец цело време седел до него додека не дошла полицијата.
– Не сакаше да се оддалечи од телото, за да некој да не го тргне пиштолот на Алекс. Веројатно затоа цело време бил до својата жртва, бидејќи така ќе може да се каже дека тоа било самоодбрана, а сите што бевме присутни знаеме дека Алекс не го повлече пиштолот – вели изворот.
Во раните утрински часови пред казино е убиен Србинот Александар Мочевиќ кој со години живеел во Германија.
-Убиениот Александар водел казино во Дизелдорф, пред кое бил убиен. Според очевидци, конфликтот започнал во локалот откако осомничениот им се заканувал на гостите, а потоа се скарал со сопственикот на ресторанот. Очигледно решиле да излезат надвор за да го решат проблемот. Но, расправијата станала уште полоша и осомничениот одеднаш извадил пиштол и неколкупати го застрелал Александар – пренесуваат медиумите.
Погледнете го видеото кое настана неколку моменти по убиството на Србинот Александар.
(ВЕ ПРЕДУПРЕДУВАМЕ, ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО):
Ubistvo MMA borca pic.twitter.com/u2qjPpb6uQ
— Mariel (@malasirena111) April 29, 2024