Професорка од Флорида му одзела Нинтендо на ученик, по што тој ја претепал.
На вознемирувачкото видео се гледа како 17-годишното момче трча кон професорката која се врти кон него пред тој насилно да ја турне на подот. Ученикот, за кој Њујорк пост пишува дека тежи 113 килограми, продолжил да ја удира со нозете веќе онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст. Неколку вработени истрчале да го одвојат ученикот од професорката, која веднаш е пренесена во локалната болница. Ученикот е предаден на одделението за малолетничка деликвенција. Тој упатил закани по живот за професорката.