Вознемирувачја снимка од Лос Анџелес: Седум пожарникари повредени во експлозија на камион, двајца се во критична состојба (фото/видео)

Седум пожарникари се повредени денеска, а двајца се во критична состојба по експлозија на камион во Лос Анџелес, соопшти Противпожарната бригада на тој американски град.

Експлозијата се случила кога пристигнале 12 пожарникари за да го изгаснат пожарот на голем камион, додаваат од противпожарната служба.

„Големиот камион не работи на дизел или гас, туку работи на компримиран природен гас“, изјави шефот на пожарникарскиот капетан Ерик Скот, пренесе ABC News.

Камионот имал два цистерни од 378 литри, од кои едната експлодирала додека пожарникарите го гаселе пожарот, додаде Скот.

Пламените јазици биле високи над десет метри, а експлодирала и блиската трансформаторска станица.

Надлежните рекоа дека не знаат во каква состојба е возачот, ниту пак знаат дали возилото се движело во моментот на пожарот.