Воз ја удрил жената додека правела селфи: Камерата сними СТРАШНА СЦЕНА во близина на главниот град, падна врз дете, луѓето почнаа да врескаат (ВИДЕО)

Млада жена загина во Мексико додека се обидувала да направи селфи во близина на железничката пруга додека минувал воз !

Камерата го сними застрашувачкиот момент кога една жена (29) ја удри стар парен воз во градот Нопала де Вилагран, северозападно од главниот град Мексико Сити, во вторникот. Жената, која не е именувана, стоела опасно блиску до шините со телефон во раката. На видеото се гледа како таа стои покрај пругата со момче и клекнува за да направи селфи, но возот ја удрил и ја убил на лице место.

Медиумите јавуваат дека несреќната жена била во друштво со членови на семејството, но засега не се знае дали момчето што се гледа на видеото е нејзиниот син.

– Длабоко сме тажни поради загубата на животот и сакаме да изразиме сочувство до семејството и роднините на жената. Заради сопствената безбедност и безбедноста на екипажот, набљудувачите мора секогаш да бидат оддалечени најмалку 10 метри од возот и пругата – соопштија од железницата.

Млада козметичарка од Русија, да потсетиме, неодамна падна во смрт од карпа висока 50 метри кога сакала да направи селфи од панорамската платформа!