Волкот нападна ,,опасен” непријател! Хит видео, ѕверот верувал дека нашол лесен залак, но верверицата одби да се предаде (ВИДЕО)

Младиот волк на потешкиот начин научил дека фаќањето верверички не е лесна задача!

Камера за следење на волци, инсталирана во шума во Минесота, го сними моментот кога предаторот фатил верверица. Волкот веројатно верувал дека наишол на лесна закуска, но ситуацијата брзо добила неочекуван пресврт.

„Малиот волк научи дека каснувањето на носот од верверица не е толку добро“, објави организацијата Voyageurs Wolf Project на својот профил на социјалните мрежи X.

На видеото се гледа како волк се обидува да касне верверица, која неколку пати го гризе! Болната гримаса на волкот е јасно видлива откако верверицата двапати го касна за носот.

Видеото стана хит на социјалните мрежи!

– Мала но моќна – вели еден корисник.

– Искусните ловци прво го гризат вратот или опашката и го фрлаат својот плен наоколу за да добие потрес на мозокот – додал друг корисник.

Сè уште не е познато како завршила тепачката.

За потсетување, мутантните волци кои талкаат низ пустошите на Чернобил развија нова суперсила која може да има импликации за спасување на луѓето.

Снимката беше објавена во јули 2024 година.