Володимир Зеленски: “Владимир Путин е новиот Адолф Хитлер, а Русите го создадоа!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Русија за создавање друг Адолф Хитлер во форма на рускиот претседател Владимир Путин.

Говорејќи во неделата во емисијата „60 minutes“ на CBS, украинскиот претседател кажа дека Украина се бори да ја спречи Третата светска војна, а видеото од неговото гостување можете да го погледнете ОВДЕ.

Не можеме да го промениме Владимир Путин. Руското општество ја изгуби почитта од светот – тие го избраа и го реизбраа и создадоа новиот Адолф Хитлер“, вели Володимир Зеленски.

Тие го направија тоа. Не можеме да се вратиме во времето. Но, можеме да го запреме тука“, додаде тој.