„Оваа поза ми е најомилена“ Манекенката ги откри тајните од брачниот кревет со Џастин Бибер, а ова нешто е забрането во нивниот кревет (фото)

Хејли Бибер неодамна се појави на американски подкаст каде што раскажа за нејзиниот сексуален живот со сопругот Џастин Бибер. Таа откри која е нивната омилена секс поза, како и некои други детали од нивниот брачен кревет.

,Нашите секс пози се секогаш различни, но дефинитивно ја избегнуваме мисионерската поза. Ми се допаѓа doggy style, таа поза ми е некако омилена. Што се однесува до работите што ме палат, за мене тоа е бакнување, иако тоа можат да бидат многу различни работи. Обично навечер водиме љубов не сме утрински типови“, признала манекенката.

Инаку, Џастин бил целибат година и пол пред да се ожени со Хејли за да се чувствува поблиску до Бога.

,,Мислам дека сексот може да предизвика многу болка. Понекогаш луѓето немаат секс затоа што не се чувствуваат доволно добро и затоа што немаат самодоверба. Жените го прават тоа исто како и мажите. Сакав да му се посветам на Бога на тој начин затоа што навистина чувствував дека тоа е подобро за состојбата на мојата душа“, изјави Џастин.

Иако многумина им предвидоа развод, парот оваа година ја прослави петтата годишнина од бракот, а за да го одржат успешниот брак, се придржуваат и до одредени правила: никогаш не смеат да се навраќаат на минатото, не смеат да користат мобилни телефони додека се во кревет, што е можно помалку време за трошење на социјалните мрежи и максимално уживање во приватноста.

Мораат еднаш месечно да имаат „пица вечер“, а остатокот од месецот да водат здрав живот.

Пријателите се исто така многу важни за младата брачна двојка, па тие се трудат да поминуваат што повеќе време со своите сакани.