ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ДЕНЕС НА СРЕДБА СО ЏО БАЈДЕН – Ова се работите што би можел да ги побара од САД, а едно е особено важно

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ќе ја посети Белата куќа, каде ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден.

Со оглед на тоа што во неговата земја се уште има војна, а САД се еден од најблиските сојузници на Украина, многу истакнати медиуми во светот почнаа да шпекулираат што ќе бара Володимир Зеленски овој пат од Џо Бајден и каков „подарок“ му подготвува Белата куќа

Џо Бајден се обидува да и даде на Украина дополнителни 24 милијарди долари безбедносна и хуманитарна помош за да и помогне да ја истераат Русија од нивната територија.

Сепак, и покрај ветувањето да му се помогне на Киев онолку колку што му е потребно, оваа помош е неизвесна поради политичкиот метеж во Конгресот околу буџетот.

Има многу поделеност во САД, особено на владино ниво. Володимир Зеленски ќе изврши притисок да се обиде да ја добие таа помош“, пишува Euronews.

Зад конфликтот во Вашингтон стои растечкиот партиски јаз, а некои републиканци сакаат целосно да ја прекинат помошта за Украина.

Постои страв меѓу Американците за испраќање повеќе пари во Украина“, објаснува Euronews.

Euronews потоа додава дека десничарите се сè покритични за наводниот „бланко чек“ даден на Киев.

Експертот тврди дека Володимир Зеленски ќе сака да ја добие поддршката од двете партии, особено поради претседателските избори во САД во 2024 година, на кои Доналд Трамп би можел да се врати на власт односно назад во Белата куќа.

Доналд Трамп, кој моментално се соочува со неколку обвинувања, ниту еднаш не кажа дека ќе ја поддржи Украина во војната против Русија.

Тој зборуваше за војната во Украина во март, а во таа прилика кажа дека сака сите луѓе да престанат да умираат.

Анкетата на CNN минатиот месец покажа дека повеќето Американци се против давање повеќе пари на Украина. Дури 55 отсто од испитаниците рекле дека Конгресот на САД не треба да одобри дополнително финансирање за Киев.

Една од темите за која двајцата претседатели сигурно ќе разговараат е напредокот на Украина во контраофанзивата.

Џо Бајден, Володимир Зеленски
Џо Бајден и Володимир Зеленски

Тоа е многу тешка тема за дискусија бидејќи има толку многу фактори што треба да се разгледаат. Мислам дека САД би сакале да видат поголем напредок, но мислам дека нема да извршат притисок врз Киев“, вели еден од соговорниците на Euronews.

Откако Киев доби помош од САД во вредност од неколку милијарди долари, украинската Армија започна голема контраофанзива во јуни.

Напредокот на почетокот беше многу бавен бидејќи Русија пружи силен отпор.

Се очекува Володимир Зеленски на средбата со Џо Бајден да му претстави детален план за понатамошни активности.

Иако многу западни лидери неодамна велат дека мирот меѓу Украина и Русија е неопходен, аналитичарите веруваат дека потпишувањето примирје е многу далеку.

Повеќето Украинци не сакаат да прават компромиси на територијата од страв за иднината и на земјата и на нивните деца“, вели аналитичарот Џејд МекГлин.

Друга точка на дневниот ред најверојатно ќе биде оружјето, имајќи предвид дека на Украина и треба повеќе оружје и муниција поради жестоката офанзива што се води на југот и на истокот на земјата.

Украинците нема нужно да бараат ново оружје. Поентата е да се набави на време. Тоа е клучот бидејќи тие не добија многу од она што им беше ветено на време“, смета Џејд МекГлин.

Во април, Володимир Зеленски ги предупреди светските лидери дека доцнењето во снабдувањето на неговата земја со дополнително оружје ги чини неговите војници животи.

Потребата на Киев од оружје е поитна бидејќи официјални лица, вклучително и Володимир Зеленски, рекоа дека контраофанзивата на земјата нема да запре оваа зима, и покрај временските услови кои ја отежнуваат борбата.

Некои веруваат дека повеќемесечниот прекин минатата година и даде доволно време на Русија да ја подготви својата одбрана, што ги стави Украинците во непријатна позиција.

По руската инвазија во февруари 2022 година, Украина постојано се обидуваше да се приклучи на НАТО.

За жал, нивниот план беше спречен, бидејќи неколку земји, меѓу кои и САД, го одбија тој предлог во септември минатата година.

Володимир Зеленски често се залага за влез на неговата земја во НАТО, тоа секако ќе биде една од темите“, пишува споменатиот медиуми.

Euronews додава дека приближувањето на Русија и Северна Кореја би било нов аларм кој би можел да го турне членството на Украина во НАТО.

Некои аналитичари сметаат дека членството на Украина во НАТО е најдобар начин да се обезбеди идниот мир во таа земја и во Европа