ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ЗАПОЧНА ЧИСТКА – Отпуштен командантот на силите за специјални операции на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес го разреши Виктор Хоренко од функцијата командант на силите за специјални операции на вооружените сили на Украина (ЗСО ВС).

Володимир Зеленски на негово место го назначи Серхи Лупанчук.

Споменатите декрети се објавени на веб-страницата на канцеларијата на претседателот на Украина, пренесуваат странските медиуми.

Засега нема подетални информации за новиот прв човек на ЗСО ВС.

Како што беше најавено, Виктор Хоренко е генерал-мајор и учесник во руско-украинската војна, а на 25. јуни 2022 година беше назначен за командант на силите за специјални операции на вооружените сили на Украина.